СВР Тетово поднесе кривична пријава против Џ.Џ.(53) од с.Џепчиште, Тетовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „тешка телесна повреда“. На 23.05.2020, оштетениот Б.Ш.(44) од с.Џепчиште, Тетовско, отишол да поразговара со сопругата на пријавениот, поради претходно недоразбирање меѓу неа и неговата малолетна внука. По кусо време дошол Џ.Џ. и започнал вербална расправија со Б.Ш., а потоа и физички го нападнал, по што оштетениот паднал и се здобил со тешка телесна повреда.