На 08.09.2020 во 01.00 часот, Б.Р.(35) од Скопје пријавил дека на бул.„Јане Сандански“ во Скопје бил физички нападнат од К.К.(21) и М.К.(21), двајцата од Скопје. По преземени мерки К.К. и М.К. биле лишени од слобода и приведени во полициска станица, а по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 08.09.2020 во 01.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на бул.„Јане Сандански“ бил нарушен јавниот ред и мир со физички напад од неколку лица врз Д.П.(20) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 08.09.2020 во 09.00 часот, Е.П.(25) од с.Кучевиште пријавила дека на 07.09.2020 околу 01.30 часот во угостителски објект во с.Стајковци била физички нападната од И.И. од с.Булачани, скопско. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.