На скопскиот булевар Јане Сандански во попладнивните часови на 7 април дошло до нарушување на јавниот ред и мир поради недоразбирање во сообраќајот.

Како што информираат од МВР, избила физичка пресметка помеѓу тројца скопјани, односно Д.П.(28) и Х.П.(59) од една страна и Н.Т.(37) од друга страна.

Полицијата изготвила записници за констатиран прекршок.

извор: Makfax