x

Тепачка во Фудбалската федерација на Грузија по поразот од Македонија (ВИДЕО)

screenshot_2-3

Уф, што им направивме на Грузијците! Не само што ги победивме, туку ги “натеравме“ да му дадат отказ на селекторот Владимир Вајс, а попладнево дури и да се пресметуваат пред Фудбалската федерација.

Како што јавуваат медиумите од Тбилиси, десетина демонстранти незадоволни од поразот во финалето од плеј – офот од Македонија, физички се пресметале со лица од федерацијата. Немилите сцени може да ги погледнете во видеото.

Навистина Грузијците многу ги здоболе поразот од Македонија. Тие беа просто уверени дека тие ќе слават и дека тие ќе одат на ЕВРО. Но не знаеја дека има и подобри од нив, дека Мрме е махер за нивниот, сега веќе екс селектор, Вајс, а дека немаат икона како нашата во името на Горан Пандев.

ВИДЕОТО МОЖЕТЕ ДА ГО ВИДИТЕ НА СЛЕДНИОТ >>ЛИНК<<

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата