Синоќа околу 21.15 часот на ул.„19“ во населба Илинден, Скопје полициски службеници од СВР Скопје, за време на воведената мерка за ограничено движење, ги привеле А.А.(34), С.А.(22), Р.А.(57), Д.А.(41), Е.А.(27) и Б.А.(40) сите од Скопје, постапувајќи по пријава дека околу 21.00 часот поради нарушени семејни односи и меѓусебно нетрпение дошло до нарушување на јавниот ред и мир со физичка пресметка меѓу нив. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци, информира МВР.

извор: Makfax