x

Тео Ернандез се погрижи Милан да остане непоразен и по мечот со Парма (ВИДЕО)

milan-parma-1

Милан се извади од голема каша и од негатива од 2:0 успеа да извлече реми на домашен терен против Парма играјќи 2:2. „Росонерите“ со ова и натаму остануваат непоразени по 11. кола во новата сезона од Серија А лигата.

Гостите тргнаа одлично и по само 13 минути со голот на Ернани дојдоа до водство од 1:0. Милан почна да притиска и успеа да постигне гол во 25. минута, но поради офсајд судијата го поништи и ги остави гостите да заминат на пауза со предност од 1:0.

Откако  три-четири пати ја погодија конструкцијата од голот на Парма, „росонерите“ доживеаја нов шок. Куртиќ во 56. минута успеа да погоди за 2:0 за Парма.

Милан, за среќа, брзо се врати на минус еден. Во 58. минута Тео Ернандез со неговиот прв гол намали на 2:1, а откако притисокот на домашните продолжи да расте, а шансите се редеа, во финишот по еден карамбол пред гостинскиот гол една одбиена топка стигна до Ернандез кој и по вторпат погоди во голот на „млекарите“ за израмнување на 2:2.

 

Standings provided by SofaScore LiveScore

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата