x

Теодор Симиќ пријавен во ростерот на Барса за Евролигата

teodor-simic

Теодор Симиќ и официјално е дел од првиот состав на Барселона и тоа за натпреварите во Евролигата. На официјалната веб-страница на најквалитетното европско клупско натпреварување, во ростерот на каталонците за оваа сезона е вметнат и нашиот голем потенцијал кој досега беше дел од младинскиот тим на Барселона.

Барселона веќе одигра два меча во Евролигата, но 214 сантикметри високиот македонски центар не се најде во изборот за натпреварите. Останува да видиме дали тренерот Шарунас Јасикевичиус ќе му даде шанса во продолжението од тековната сезона.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата