Тенис во високи потпетици
Британската манекенка Нил Мекендрау, која е во блажена состојба веќе петти месец, се обиде да покаже дека спортувањето не е бауч за неа. Иако стомачето веќе и е зголемено, тоа не и пречеше да заигра тенис во високи потпетици.
Сепак, манекенката тоа не го направи за сопствена рекреација, со што би ја одржала формата и својата линија, туку за да сними серија од фотографии на кои се појавува во бело кусо здолниште и со високи потпетици. Мекендрау пред објективите ги демонстрираше својот форхенд и бекенд, се разбира, изведен во елегантен стил.
Со ова таа практично ја најави тениската сезона на турнирите што почнуваат на Островот, од која секако еден од најпознатите и најпрестижните од Гран при турнирите во “белиот спопрт” е Вимблдон, неофицијалното светско првенство во поединечна конкуренција.
Нил, која минатата година ја освои титулата за најубав задник во Англија, очекува дете со сопругот Пол Хардкастл.