Женскиот тениски турнир во Хонгконг е откажан поради повеќемесечните масовни протести во градот, соопштија организаторите.

Турнирот во Хонг Конг требаше да се одржи од 5 до 13 октомври на Викторија Парк, кој во последните месеци честопати беше место за собирање на демонстрантите.

„Тениската асоцијација на Хонгконг и ВТА објавуваат дека турнирот е откажан. Причината е моменталната, прилично комплексна состојба на територијата на градот“,  се вели во соопштението на Тениската асоцијација на Хонгконг.

Од крајот на март, во Хонгконг се одржуваат протести против законите за екстрадиција, а на почетокот на минатиот месец имаше судири меѓу демонстрантите и властите.

извор: Makfax