x

Тенискиот партнер на Федерер обвинет за силување

Ив Алегро е близок пријател на Роже Федерер но и негов партнер на тениските натпревари во двојки, а денес е против него е покренато обвинение за силување. Тој во октомври 2014 година кога бил вработен како тренер во Тенискиот сојуз на Швајцарија, во Естонија силувал австриска тенисерка чие име не се открива.

Како што се наведува во обвинението, Алегро во алкохолизирана состојба малтретирал две девојки од која едната успеала да избега, а другата ја силувал. Таа навела дека била принудена на секс, а како доказ ги наведе модринките и гребаниците на телото.

А медицинскиот извештај ја потврдил приказната на тенисерката. Од друга страна одбраната ги негира обвинувањата и мирно го чека судењето закажано за 9. декември. И покрај обвинувањата, Алегро се уште работи во Тенискиот сојуз на Швајцарија.

Федерер и Алегро имаат освоено две титули во двојки и тоа во Виена 2003 и во Хале 2005 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата