Во северениот дел на Косово денеска состојбата е напната, по најавите дека во Косово треба да пристигнат неколку министри на српската влада. Телевизијата Клан – Косово објави дека косовското министерство за надворешни работи не им дало зелено светло министрите да влезат во Србија.

Српскиот министер за култура, Владан Вуксановиќ, според весникот „Експрес“ изјавил дека овој настан не оди во прилог на подобрување на односите помеѓу Србија и Косово.

Од друга страна весникот пренесува и соопштение на косовското МНР во кое се наведува дека Приштина дала согласност за влез на министерот за култура на Србија, но не дала зелено светло за другите министри. Група на Срби од Косово притоа протестираа пред судот во северниот дел на Косово. Според косовската полиција,  имало присуство и на специјалните полициски единици поради безбедност.

извор: Makfax