Крилата на авионите многу често им отпаѓале, па биле принудени да распишат тендер. И како тоа обично бидува, тендерот го добил некој производител на тоалетна хартија. Оди стручњакот кај авионот, го гледа и вика: – Е вака, од тука до тука по работ на крилото и трупот на авионот ќе направите мали дупки, така што ќе бидат точно во една линија. – Добро, бе, ти нормален си, уште дупки му фалат на крилово!? – Господине, од моето долгогодишно искуство можам да ви кажам дека таму каде што ние ќе направиме дупчиња, никогаш не се кине!