Свештениците во Србија решија да се борат со коронавирусот со темјан и кандило.

На  социјалните мрежи се појавија снимки од свештеници кои ги осветуваат улиците и јавниот простор за да се заштитат од болести и да го избркаат од злото.

Едно видео е снимено на улиците на Крагуевац каде еден свештеник седи во комбе и чади на улица.

Второто видео е направено на белградската улица Браќа Јерковиќ.

Досега во Србија се регистрирани 222 заразени со коронавирус и два смртни случаи.

Важно е да се напомене дека сè уште не е докажано дека овој метод на борба против коронавирусот може да помогне во борба против болеста.