Кога милиони луѓе одеднаш започнаа да работат од дома поради пандемијата, на почетокот следеше шок, но на некои им се допадна оваа промена: на пример, фактот дека не треба да стануваат многу рано, да се подготвуваат и да патуваат на работа, како и обично.

Сепак, новиот предизвик беше соодветно да се одговори на сите задачи додека домашните  „висат“ низ домот. Треба да се спроведуваат продуктивни виртуелни состаноци, да се справите со работата и одговорностите околу децата. И тогаш следеше осаменост, по скоро 2 месеци карантин.

Психолозите велат дека осаменоста на работното место е проблем што се појавила пред кризата,  сега станува само поизразена. Бен Фенинг, автор на книги за односот кон работата, за Си-Ен-Ен изјави дека овој начин на работа е најтежок, логично, за луѓето кои се навикнати на физички контакт со колегите, особено ако се работи за голем тим.

Неверојатно е што истражувањата покажуваат дека некои вработени не го преболуваат тоа чувство на осаменост, дури и ако се опкружени со семејство додека работат од дома. Покрај тоа, како одминува времето, тие забележуваат дека се помалку продуктивни. Ова го тврдат многу експерти: Колку повеќе сте осамени, толку полошо ќе работите.

Тие исто така веруваат дека ова чувство може да има надолна спирална траекторија. Што точно значи тоа?

Експертите наведуваат дека осаменоста доведува до уште поголема осаменост, при што оние кои се „погодени“ не успеваат да управуваат со своите социјални вештини и затоа има изразени реакции во однесувањето. Честопати постои чувство на одбивање од страна на колегите, што не мора да биде оправдано.

Ако сте забележале дека се повеќе се расправате со вашите колеги или чувствувате негативни критики емотивно, а ги негирате позитивните – многу е можно да имате недостаток на социјализација. Ова чувство е особено точно за оние работници кои веќе се сметаат себеси за маргинализирани.

Деновиве треба да се вложат повеќе напори во планирањето на социјалните контакти, треба да се биде проактивен и, на пример, да се организираат виртуелни состаноци со колегите за релаксација како пиење кафе или виртуелно дружење пред или после работа. Психолозите советуваат додека работите од дома, да остварувате повеќе телефонски повици и да користите помалку преписки.

Исто така, работодавците имаат одговорност да го мотивираат тимот додека трае пандемијата и сè додека не се вратат работите во нормала. Фанинг советува состаноците да се одржуваат ритуално, но не да бидат постојан фокус на работата, туку да им се дава простор на неформалните теми.