Тело на убиен мигрант е пронајдено вечерва во Сараево, соопшти Министерството за внатрешни работи на Сараевскиот кантон.

Телото е пронајдено во близина на кружен тек во општина Илиџа, а брза помош пристигнала на местото и се обидела да го реанимира човекот, објави порталот „Кликс“.

Министерството за внатрешни работи соопшти дека не е познато кој му нанел смртни повреди на мигрантот, а според неофицијални извори, мажот починал половина час откако бил прободен со нож, пишува сараевскиот портал.

извор: Makfax