Телото памети!
Цигари, големи количества алкохол, пореметувања во исхраната, сончање во погрешно време од денот… човечкиот организам ништо не заборава. Може ли и како воопшто телото да ни ги заборави “гревовите” што му ги правиме? За тоа има се повеќе сознанија, а некои пресметки се многу прецизни. Алкохол
Мамурлакот бргу поминува, но секое пијанство ги уништува невроните, мозочните келии задолжени за извршување на некои од телесните функции. Кога тие еднаш ќе умрат, тоа е засекогаш. Утешно е што нивните задачи тогаш ги преземаат другите неврони како резервни. Меѓутоа тие своите задачи треба да ги научат повторно. По систематско и долготрајно земање алкохол постои можност да се добие т.н. мрсен џигер. Иако џигерот има фасцинантна способност за самообнова, тој во форма се враќа дури по повеќемесечна апстиненција. Сончање Ризикот да добиеме рак на кожата се зголемува со секое сончање, а особено од она што е претерано и што предизвикува изгореници. Наспроти тоа што на здравата кожа обично и е доволно 4-6 недели да се обнови, можноста да се “поправи” оштетената келија е многу ограничена. Брчките кои се добиваат под влијание на УВА-зраците никогаш не исчезнуваат. Затоа на сонце, па и на ова зимсково, а особено на снег и по планините никогаш не смеете да излегувате незаштитени со крем со заштитен фактор. Пореметувања во исхраната Повредите на храноводот предизвикани од често повраќање поради булимија можат со помош на лекови за зараснат за две недели. Оштетувањата на коскениот состав и срцевина предизвикани од недостиг на минерал и кај болните од булимија и од анорексија, честопати се многу потраен проблем кој бара долготрајно редовно земање на лекови. Исто како и хормонските промени кои понекогаш можат да предизвикаат повеќегодишно пореметување на циклусот и плодноста. Пушење
Дури откако ќе поминат седум години од престанувањето со пушење, ризикот од добивање рак паѓа на нормално ниво, она на кое се изложени непушачите. Намалената способност за зачнување се враќа на нормално ниво по три месеци. Покрај тоа пушењето им дава на слободните радикали далеку повеќе простор за делување па затоа кожата старее значително побргу. Брчките чие потекло се припишува на цигарите не можат да се измазнат со ништо. Најновите истражувања кажуваат дека наводно 75% од сите болести можат да се врзат со штетноста на пушењето.