Во текот на вчерашниот ден на улицата „Браќа Даневи“ во Штип, при гасење на пожар, кој избувнал во оџак од зграда, на еден од пожарникарите му се влошила здравствената состојба и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Клиничка болница Штип каде била констатаирана смрт, соопштија од полицијата.

Од МВР соопштија дека немилиот настан се случил околу 17 часот вчера и дека станува збор за 57-годишен пожарникар со иницијали Ѓ.Џ.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е дадено на обдукција, а извршен бил и увид на местото на настанот.

извор: Makfax