Телото на осумдесетгодишниот велешанец Миле Паунов кој изгоре во куќата во комплексот Варналиите се уште не е пронајдено, а во текот на вчерашниот ден тој беше прогласен за мртов.

Полициските службеници од крим-техника синоќа ја прекинаа потрагата во купишата гареж по изгореното тело на Миле.

Ангажирана е и механизација за расчистување на гаражот и остатоците од куќата, но сеуште не е пронајдено изгореното тело на старецот. Првите претпоставки се дека тој користел само една соба на вториот кат од семејната градска куќа симбол на Градот со уште неколку градби.