Полицијата и разузнавачки агенции ги идентификувале осомничените за труењето на поранешниот руски шпион Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, пишува британски „Телеграф“.

Како што наведува весникот, се верува дека антитерористичката полиција работи на случајот против осомничените, за кои се верува дека се од Русија и дека тие се вратиле во земјата.

„Телеграф“ дознава дека истрагата ќе трае неколку месеци, но дека дошло до голем напредок во идентификувањето на лицата за кои се верува дека се вмешани во нападот. Осомничените најверојатно биле идентификувани од листата на патници на аеродромот.

Сергеј и Јулија Скрипал беа отруени со нервен гас „новичок“ во британскиот град Солзбери на 4 мај. Јулија пред десетина дена беше пуштена од болница, додека нејзиниот татко сè уште е на лекување.

извор: Makfax