x

Телеграма со сочувство за смртта на Буштур од премиерот Спасовски

Премиерот Оливер Спасовски упати телеграма со сочувство до семејството на Благоја Георгиевски Буштур, кој синоќа го загуби животот во сообраќајна несреќа.

– Со загубата на великанот на македонската и на некогашната југословенска кошарка, останува голема празнина зашто замина спортист и личност која беше пример и инспирација за младите спортисти и за развојот на спортот во нашата земја“, пишува до семејството Георгиевски премиерот Спасовски.

– Ништо не може да ја надомести загубата со која се соочивте. Во овие моменти на жалост, од мое лично име и во име на Владата на Република Северна Македонија, дозволете да изразам искрено сочувство за големата загуба на Вашето семејство и да Ви упатам поддршка во овие тешки моменти, пишува во телеграмата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата