x

Тежок удар за европскиот првак, остана без голема сума на пари и авион!

Дефинитивно пандемијата коронавирус ќе остави последици во спортот. Клубови влегуваат во големи загуби, еден од нив е бранителот на титулата во Евролига, ЦСКА Москва.

Рускиот тим остана без спонзорски договор тежок 3,7 милиони долари. Станува збор за компанијата „Аерофлот“, па покрај финансискиот дел, „Армејците“ останаа и без приватниот авион со кого патуваа на сите мечеви во Евролига и ВТБ-лигата.

„Поради моменталната ситуација во моментов невозможно е да го продолжиме договорот“, изјавија од таборот на ЦСКА.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата