Многу луѓе тврдат дека имале искуство со задгробен живот, но малкумина се толку живописни и паметат толку јасно како случајот со Вилијам.
Неговото срце запрело после силен срцев удар. Иако на крајот го спасиле болничарите, Вилијам верува дека привремено се нашол на „другата страна“ и се сеќава на моментот на неговата смрт.

Тој вели дека поминал низ низа емоции и дури имал време да размислува за Елвис додека умирал. На крајот од надреалното искуство, Вилијам вели дека ја прифатил смртта и дека прифатил дека е битие на чиста љубов. 

– Почувствував како моето срце чука побавно и побавно кога ги слушав моите деца како ме повикуваат. Потоа дојде темнина. Почувствував како моето битие или свеста се вовлекува во темна празнина. Првата мисла и чувство беше љбопитност.

Се прашував дали е тоа она што го чувствуваше Елвис кога почина. Тогаш бев бесен и помислив дека смртта е мизерен изговор за „битие“ кое нема храброст да се соочи со мене лице в лице. Таа мораше да се прикраде одпозади, без никакво соопштение. Тогаш помислив и сфатив дека умирам. Кога го прифатив тоа, почувствував дека умирам и дека сè ќе биде добро. Не чувствував болка во оваа празнина. Чувство на релаксација и смиреност мина низ мене, беше пријатно на чуден начин. Сè уште можев да размислувам и бев свесен дека сум некаде и дека не сум сам – рече тој

Почувствував присуство на чиста љубов и прифаќање. Тоа чувство на безусловна љубов е неодоливо. Ова присуство ми се чинеше познато, како да отсекогаш да знаев што е тоа. Помислив дека битието ме слушна – Не би требало да умирам пред моите деца. Тогаш се вратив, рече Вилијам во признанието.

Неврологот Кристофер Кох, претседател и главен научник на Институтот во Ален, смета дека ваквите визии се релативно нормални и обично се знаци дека мозокот останува без кислород или се скенира себеси во потрага по техники за преживување.