„Твитер“ објави дека ќе ги брише профилите и содржините што се занимаваат со темата QAnon, ултрадеснична теорија на заговор популарна меѓу поддржувачите на претседателот Доналд Трамп, пренесе агенцијата АП.

Исто така, социјалната мрежа ќе ја блокира можноста слични, поврзани содржини да се споделуваат или пренасочуваат на други мрежи.

„Сопствениците на профили кои ги кршат пропишаните правила, или оние кои се обидуваат да се регистрираат на неколку различни профили за да ги избегнат претходните суспензии, ќе бидат трајно суспендирани“, соопштија од „Твитер“.

извор: Makfax