„Твитер“ соопшти дека блокирале десетици илјади сметки поврзани со Кина, Русија и Турција кои биле користени за пропаганда и дезинформации.

Сите овие сметки се затворени, но нивната содржина се чува во база на податоци за да може да се користат за научни цели. Кинеската мрежа на сметки се користела за ширење геополитички теории во корист на Комунистичката партија, лажни теории за ситуацијата во Хонг Конг и за презентирање на ставовите на Пекинг за борбата против коронавирусот.

Руските профили, пак, се утврдило дека служеле за рекламирање на владејачката партија и за напад на нејзините критичари. Како што информираат од „Твитер“, турските сметки биле користени за воздигнување на претседателот Реџеп Таип Ердоган.

извор: Makfax