Пејачката Тања Савиќ се објави за прв пат откако се појавија информации за нејзиниот однос со сопругот Душан.

Како што веќе пишуваат медиумите, нејзиниот сопруг ги оневозможил да ги види своите синови, по што пејачката минува низ агонија.

– Многу ми е тешко без децата, не знаев дека маж ми ќе ги однесе. Никој не одговара на телефон, дури и сум блокирана – рече таа во изјавата за медиумите.

Како што додаде, таа ќе продолжи да се бори за децата.

– Ја алармирав и локалната и тамошната полиција, се надевам дека нешто ќе се случи, иако ситуацијата сега е дополнително влошена поради коронавирусот. Штом имам можност, ќе одам во Австралија, морам да се борам за моите деца – истакна таа.