Ферус Мустафов, кој периодов престојува во Австралија каде има турнеја, сними дивиди албум во живо со брачната двојка Татјана Лазаревска и Новица Василевски.

На него се наоѓаат најпознатите композиции на Татјана како што се “А бре, чичо”, “Аце, Аце”, “Ништо без народно”, но и неколку песни на нивни колеги меѓу кои се “Среќата со пари не се купува”, “Бело лице љубам јас”, “Ај да беше стрела песната”, “Чајорие шукарие”…

Долго време планиравме да снимиме вакво нешто со Новица и конечно го остваривме тоа. Ферус е специјален гостин на материјалот, а промоцијата на истиот ќе се случи наскоро. Освен во Австралија, изданието ќе се продава и во Македонија”, откри фолкерката која веќе втора година по ред заедно со сопругот и децата живее во Мелбурн.

Освен ова издание, двоецот пред крајот на годинава планира да сними уште едно дивиди, но тоа ќе биде новогодишно и нема да се продава, туку ќе го подаруваат бесплатно на сите нивни фанови кои ги имаат ширум светот.