x

Тајсон се бореше со ајкули (ВИДЕО)

тајсон

Мајк Тајсон додаде уште еден „појас“ во својата богата кариера. Некогашниот првак беше гостин во емисијата „ Discovery Channela Shark Week“. За промовирање на една од најпопуларните емисии, оваа телевизиска куќа одлучи да го покани токму Тајсон и притоа да го обучи како треба да се однесува со ајкулите.

Неговото гостување беше најавено како борба со ајкулите, а истата се состоеше од три рунди. Во првата Тајсон да се нирне со ајкулите, потоа да ги избегнува и на крај да ги фати и да ги држи на самото дно без да можат да избегаат.

Очекувано, тој успешно ги мина сите три рунди, а „Discovery“ го прогласи за првак во битката со ајкулите.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата