x

Тајсон и Џонс во дуел без победник, Мајк се налути и побара реванш

тајсон

По 15 години Мајк Тајсон се врати во рингот. На  егзибицискиот натпревар во Лос Анџелес, 54-годишниот Тајсон и 51-годишниот Рој Џонс боксуваа осум рунди, но на крајот оваа пресметка заврши без победник, па Тајсон веднаш побара реванш, беше лут бидејќи не ја заврши борбата.

Тајсон беше многу мотивиран, влезе експлозивно во секоја рунда, но по околу 20 секунди ја губеше својата сила. Сè друго беше таму, од карактеристичното одење и влегувањето на Тајсон во рингот, неговата препознатлива техника, супериорно движењее, не потсети зошто сите го чекавме овој меч.

Брутални удари овојпат изостанаа видовме само кратка размена во петтата рунда, во седмата Џонс успеа да го погоди противникот во носот. Во последната рунда Тајсон даде се од себе, покажа поголема желба од Џонс, но и двајцата едвај дишеа во рингот. По последниот звук на гонг кој го означи крајот на натпреварот, Тајсон сепак се обидуваше да го погоди противникот.

Тензиите брзо се смирија и натпреварот заврши нерешено, иако Тајсон остави многу подобар впечаток и упати двојно повеќе удари.

„Ремито е очекуван исход. Среќен сум што се вратив во рингот. Иако две минути сега се исто како трите не времето, сепак ќе се бодат. Мора да го повториме ова, сакам реванш“, рече Мајк.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата