Тајсон избегал од клиника за наркомани
Мајк Тајсон избегал од клиника за наркомани во Феникс (САД), каде успеал да мине одвај пет дена. Досега не се знаеше дека поранешниот светски првак во професионален бокс во најтешката категорија е корисник на кокаин. По посетата на Кина, “Челичниот Мајк” бил воодушевен од мавзолејот на својот идол Мао Цетунг. Така Тајсон решил да се лекува од зависност кон накротици во супермодерна клиника.
Еден ден престој во ова клиника чини 4000 долари. Времетраењето на лекувањето е обично околу еден месец. По бегството Тајсон се преселил во хотел во Лас Вегас.