За некои факти за женскиот полов орган многумина никогаш воопшто не слушнале, особено мажите на кои вагината секогаш ќе им биде по малку мистична и недоволно истражена.

Ова се некои интересни факти за женскиот полов орган:

» Вагината во ретки случаи може да „падне” т.е. да се спушти – тоа се нарекува вагинална пролапс. Имено, тоа се случува при оштетување или ослабување на мускулите и лигаментите во долниот дел од карлицата кој ги држи матката, мочниот меур и цревата. Тогаш сексот може да биде болен и е потребна помош од доктор.м

» Клиторисот има дури осум илјади нервни завршетоци, што е двојно повеќе од пенисот.

» Зборот „вагина” на латински значи – корица за меч.

» Големите усни просечно се долги околу 8.1 сантиметар.

» Просечната широчина на клиторисот е 0.8 сантиметри, а неговата големина нема влијание врз интензитетот на задоволството.

» Многу жени, особено на постара возраст, имаат премногу сува вагина и мораат да користат лубриканти.

» Испуштањето на гасови од вагината за време на сексот е нормално – станува збор за воздух кој влегол, па мора некако и да излезе.

» Некои жени ејакулираат за време на оргазмот.Тука всушност станува збор за млечна течност која доаѓа од матката.

» Изгледот на вагината се менува со текот на годините – на пример усните се намалуваат како што поминуваат годините.

» Кинескињите имаат помалку изразени усни и клиторис отколку жените во Русија.

» За некои жени сексот е болен иако партнерот нема голем пенис. Во тој случај, добро е да се посети гинеколог.

» Секое срамно влакно паѓа после од прилика три недели и почнува да расте ново.

» Постои нарушување при кое жената постојано доживува оргазми, без разлика каде е и што прави – константно генитално возбудување. Кара Анаја од САД има по неколку стотици оргазми на ден и вели дека е уморна од нив.