x

Тајната за успехот на Роналдо е едноставна

Иако има 35 години, сепак се уште важи за еден од најдобрите, ако не  и најдобар фудбалер во светот. Супер атлета е, работи постојано, сака да напредува, неверојатно. „Гладен“ е за нови успеси, и затоа е Кристијано Роналдо.

Арон Рамзи, неговиот соиграч од Јуве, вели дека Португалецот е неверојатен.

„Доаѓа прв на тренинзи, а последен си оди. Влегува прво во теретана, ја минува сета рутина, дури потоа излегува на терен. Роналдо е роден победник, секогаш, на секој меч сака да победи. И кога играме против далеку послаб противник тој е максимално сконцентриран, останува и после тренинг да тренира изведување на слободни удари, неверојатно. Не треба посебно да говорам колку е добар, колку е мотивиран. Тој е еден од најдобрите во историјата на овој спорт“ истакнал Рамзи. 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата