Тајланд го забрани увозот на свињи од Мјанмар во наредните 90 дена, соопшти одделот за добиток во земјата во четвртокот, откако соседната земја го потврди првиот случај на африканска свинска чума оваа недела.

Забраната, која се очекува да започне следната недела, ќе опфати живи свињи и диви свињи, како и трупови од Мјанмар, за да се спречи ширењето на болеста и во Тајланд.

Во јуни Тајланд издаде слична забрана за увоз на свињи од Лаос.

Смртоносната болест сè уште не е пронајдена во Тајланд, рече Соравит Танито, генерален директор на Одделот за развој на добиток.

„Нема појава на африканска свинска чума во Тајланд“, рече тој за „Ројтерс“.

И Кина исто така забрани увоз на свињи, диви свињи и сродни производи од Мјанмар поради страв од ширење на африканската свинска чума.

Кина се бори против болеста од средината на минатата година. Африканската свинска чума се рашири во сите провинции и региони во Кина, како и на островот Хонг Конг и Хаинан, откако за прв пат беше откриена минатиот август.

извор: Makfax