Откако со песната Регетонн го достигна врвот, а видеото за помалку од 3 месеци е прегледано преку 360.000 пати на Јутјуб, Тајзи одлучи да пушти уште еден сингл. Песната е насловена Живеам за тебее, а ја носи пораката – секој да го прави она што го сака без да се грижи за мислењето на другите. Текстот за новата песна е на Тајзи, а музиката на Марко Наумовски.

Без оглед дали и оваа песна ќе успее да се искачи на врвот на македонските топ листи како и Регетонн, Тајзи и тимот на Иноватива, кој стои зад секој негов проект, најавуваат уште еден сингл кој всушност ќе биде најава за соло албумот што треба да биде готов за неколку месеци.

Живеам за тебее е веќе пуштена во етерот, а можете да ја слушнете и на Јутјуб.

(Е.К.)