Режисер на видеото е Владимир Ивановски – Дади, додека, пак, текстот за песната го направи Драган Величковски-Тајзи, а музиката е на Лазар Цветковски.

Жешкото видео изобилува со атрактивни и весели кадри, многу згодни девојки, а во него се појавуваат и колегите на Спејко од “Големиот брат” – Ервин и Мирјана.

Со првата песна на српски јазик Тајзи и Дарко ја најавуваат соработката со една од водечките издавачки куќи на Балканот – “Балкатон” и откриваат дека се подготвуваат да го освојат српско-хрватскиот пазар.

Дека наголемо се работи доказ е и податокот што за летово Тајзи најавува уште две песни на македонски, како и нови песни на српски јазик.

[video:https://youtu.be/tblimJZ3X3Q]