Косовскиот претседател, Хашим Тачи престојува во Брисел од каде ирази надеж дека конечниот договор помеѓу Приштина и Белград ќе биде постигнат во текот на следните недели или месеци, со што ќе биде оторен патот за прием на Косово во Обединетите Нации, наведуваат приштинските медиуми.

„Не можеме да си дозволиме да ја загубиме поддршката од Европската Унија и Соединетите Американски Држави“, рече Тачи.

Тој оцени дека Косово нема полојален сојузник од Вашингтон, поради што треба, како и досега, да има доверба во САД.

Говорејќи за писмото кое му го упати американскиот претседател, Доналд Трамп, Тачи искоментира дека САД испратиле јасна порака.

„САД конечно проговорија и јасно порачаа – зближете се, постигнете договор што е можно порано, за земјата да тргне кон евроатлантската перспектива“, изјави Тачи.

извор: Makfax