Претседателот на Косово, Хашим Тачи, на состанокот на лидерите од Западен Балкан со високата претставничка на ЕУ за надворешна политика и безбедост, Федерика Могерини рече големо разочарување за граѓаните на Косово е доцнењето на визната либерализација.

„Јас истакнав дека е големо разочарувањето кај граѓаните на Косово поради одложувањето на визната либерализација. Косово нема друга алтернатива, оссвен движење на патот кон НАТО и ЕУ. Овој вакум може да се користи од страна на оние кои не сакаат европски вредности. Косово е посветено на своите обврски. Одлуката (за либерализација) треба да биде усвоена во блиска иднина”, рече Тачи по состанокот со Могерини.

Говорејќи за дијалогот со Србија, тој рече дека оваа тема била поддржана од сите лидери од Западен Балкан.

„Се надевам и верувам дека договорот може да се постигне во блиска иднина. Мобилизирањето на меѓународните претставници е порака дека треба да се работи заедно”, рече косовскиот претседател.

Тачи рече дека писмото од американскиот претседател Доналд Трамп претставува надеж и вера за косовските институции.

„Ако некој имал сомнежи за улогата на САД, ова писмо покажува дека поддршката на САД е присутна и дека до крај ќе бидат вклучени во овој процес”, рече Тачи.

извор: Makfax