Лидерот на ДПА, Мендух Тачи денеска им одговори на новинарите во врска со тужбата која против него ја најави директорот на издавачката куќа „Логос-А“, Аднан Исмаили, пренесува ТВ 21.

Тачи потврди дека Исмаили го тужел и кажа дека тој од него барал 10 илјади евра, но рече дека наместо тоа ќе му даде 10 илјади шлаканици.

Тој рече дека не се плаши од Исмаили, ниту од полат кој според него му го испратиле, па ниту од Ердоган.

Лидерот на ДПА, продолжи да презентира  докази и да покренува обвиненија кон Исмаили, велејќи дека тој е главата на криминалот во Македонија.

Извор: ТВ21