x

Тафа во стоперската линија на Беласица!?

Арбен Рафа е во плановите на струмичка Беласица за следната сезона. Барем такви се најавите. Струмичани се во преговори со стоперот кој пред само два три дена и официјално стави крај на својата авантура во тимот на Струга Трим Љум.

Тафа веќе има искуство со играње во тој дел од Македонија, беше дел од екипата на Хоризонт Турново извесен период и одигра сосема солидно.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата