Седумнаесетгодишната Татјана Головин, родена Русинка, која детството го помина во Париз, а сега живее и работи на Мајами, е новата тениска надеж на Франција. Тања годинава се прослави со фантастичниот скок на ВТА ранг-листата од околу 350 места, кога и влезе меѓу првите 20 тенисерки. Таа е постојано фокусот на интересот и поради својот атрактивен изглед, а веќе почна да потпишува милионски договори со најпознатите светски производители на спортска опрема. А, американскиот фотограф Клајв Бранскил од “Гети Имиџис” дојде на извонредно атрактивна идеја да направи фотосесија на Ки Бискејн, пред неколку денови. Оттаму се овие фантастични фотографии, на кои, Головин, божем игра тенис под вода во базенот на “Оушн Клаб”. Судејќи според нејзината форма, последниве неколку месеци нема да биде некое големо чудо, ако Головин, на претстојниот Грен слем во Париз, славниот Ролан Гарос, не направи уште еден пробив, овојпат меѓу првите 10 на ВТА-листата.