Индијката Анмол Родригез (23) ја нападнал сопствениот татко. Додека била бебе и додека нејзината мајка ја доела, тој ги полеал со киселина бидејќи не бил задоволен што добил ќерка.

Мајката почина, а Анмол заврши во болница. Таа беше под надзор на лекарите пет години. Таткото го осудија на затвор, а Анмол заврши во сиропиталиште каде што доби образование.

Подоцна ги завршила студиите и почнала да живее самостојно. Благодарение на нејзините контакти меѓу жените политичари, таа успеа да создаде организација која им помага на девојките и жените како неа. Иако го изгуби едното око и и останаа лузни на лицето, Анмол со гордост позира како модел. На една пријателка која исто така беше повредена во напад со киселина, и помогна да се омажи.

„На жртвите им помагам со едукација. Сакам да сфатат дека можат да ги искористат своите вештини, да најдат работа и да живеат од свои пари. Јас сум жртва која го преживеа нападот со киселина и стана модел и сакам да ја ширам свеста дека нападот со киселина не значи крај на животот. Се надевам дека ќе ги инспирирам жените да не го покриваат своето лице, туку да одат горди и самоуверени“, вели Анмол.

извор: Makfax