Анмол Родригез (23) ја нападнал нејзиниот татко кога била бебе и додека ја доела мајка и ги полеал со киселина. Сакал да се ослободи и од сопругата и од несаканото дете. Незадоволен бил бидејќи е женско.

Мајка и починала, а малата Анмол завршила во болница. Под лекарска грижа била пет години. Татко и го осудиле на затворска казна, а Анмол заввршила во дом за сирачиња, каде се образувала.

,,Бев мала и не сфаќав дека другите деца се разликуваат од мене, се додека не дојдов во домот. Тогаш видов дека другите деца поинаку изгледаат од мене”, вели Анмол.

 

View this post on Instagram

 

A year of sorrow, disappears into thin air, if you shower it with a bottle of champagne! save a glass or two for me ??? okey….

A post shared by I.Am.Priceless (@anmol_rodriguez_official) on

Подоцна завршила студии и започнала да живее самостојно. Благодарејќи на своите контакти меѓу жените политичарки, таа успеала да формира организација која им помага на девојки и жени слични на неа. Иако го изгубила едното око и и останале лузни на лицето, Анмол гордо позира како манекенка.

На една пријателка, која исто така е повредена во напад со киселина и помогнала да се омажи. ,,Сакам да ја развијам свеста дека нападот со киселина не мора да значи и крај на животот. Се надевам дека ќе ги инспирирам жените своите лица да не ги покриваат, туку да чекорат гордо и самоуверено”, вели Анмол.

извор: Makfax