x

Таткото на Тадиќ: Ми се плачеше кога Душан го одби Манчестер Јунајтед

Петар Тадиќ, таткото на ѕвездата на Ајакс Душан Тадиќ во интервју за холандскиот „Фудбал магазин“ се присети на моментите кога српскиот репрезентативец пред четири години бирал дали ќе оди во Саутемптон или Манчестер Јунајтед.

Имаше две варијанти, да оди во Саутемптон или Манчестер Јунајтед. Сакав да оди во Манчестер кај Луис ван Гал. Но Душан сакаше кај Роналд Куман (тогаш тренер на Саутемптон). Јунајтед е врвен клуб, ги обожавав Чарлтон, Бест, Гигс, Сколс… Секогаш имале врвни играчи. Затоа бев лут на Душан, разговаравме за тоа цела вечер, но тој кажа дека ќе оди во Саутемптон. Ми се плачеше но морав да го поддржам во одлуката“, изјави Тадиќ постариот.

Душан разговараше со Куман  пред да оди во Саутемптон. Му се допадна приказната. Петар не успеа да го убеди, а Душан замина на „Ст.Мери“. Една година подоцна тој даде гол за победа на Саутемптон во Манчестер (1:0). Се прашувам што ли помислил Петар тогаш“, изјави Милко Новаковиќ близок пријател на Душан Тадиќ.

Инаку Тадиќ три сезони помина во Саутемптон и во 162 меча постигна 24 гола и запиша 35 асистенции. Од таму прејде во Ајакс каде сега е капитен.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата