Таткото на Марти Ахтисари, Оива Адолфсен Ахтисари, во текот на Втората светска војна бил офицер на озлогласената доброволна СС дивизија “Викинг”, пишува Неделен телеграф , а пренесува белградски “Курир”. Оива служел во баталјонот Норд-Ост кој го сочинувале исклучиво фински доброволци.
Според тогашните германски извори финскиот баталјон бил најелитен во дивизијата “Викинг” и посебно се истакнал во борбите на источниот фронт. Баталјонот, наводно, во борбите со советската Црвена армија, толку се покажал ефикасен, што дури и командантот на СС единиците Хајнрих Химлер искажувал редици пофалби за финските нацисти:
“Таму каде што стои фински војник, непријателот не може да помине”, велел Химлер.
Интересно е да се напомне дека во официјалните библиографски податоци, никаде речиси ништо не пишува за таткото на Марти. Поточно, за Оива Ахтисари не може да се најде ниту еден позначаен податок, освен дека по потекло е Норвежанец и дека бил офицер. Но, каде и кога, ниту збор.
Тоа што татко му бил елитен нацист, Марти не само што не го спомнувал, туку и не му пречело во извршувањето на неговите одговорни меѓународни должности. Посредувал и пресудувал за многу жешки теми:
Ја испитуваше акцијата на израелските сили во бегалските логори; Во С еверна Ирска влегувал во базите на ИРА; Разрешувал многу глобални конфликти од Африка до Индонезија… и на крајот Косово.
Србите најдрастично го запознаа во 1999 година, кога ним и на Милошевиќ им рече дека Белград ќе биде срамнет со земја, доколку не се прифати неговиот план. Велат, ехото на тоа време се уште се слуша!