x

Таткото на Алаба контра Баерн: „Не очекував вакви валкани лаги од нив“

alaba

Австрискиот репрезентативец Давид Алаба е пред заминување од Баерн затоа што не може да се договори со баварскиот клуб. Во медиумите се појавија неколку информации дека Алаба и неговиот агент бараат голема плата и провизии што за Баерн е неприфатливо. Иако тој има договор до 2021 година, сепак, Алаба може да си замине. А поранешниот прв човек на баварците Ули Хенес за Алаба кажа:

Тој има пирана за агент (Пини Захави). Тој е алчен за пари. Алаба веќе е во најдобриот светски клуб, каде би одел на друго место?“, прашува Ули Хенес.

Сега одговор стигна од таткото на Давид Алаба, Џорџ кој за „Скај Спорт“ изјави:

Јас го доведов Давид Алаба во Баерн како тинејџер. Со текот на годините, имав неколку можности да го однесам Давид во друг клуб, но ние бевме лојални и секогаш избиравме да останеме. Не очекував дека Баерн ќе шири вакви валкани лаги во јавноста дека бараме огромна плата и разни бонуси и провизии. Тврдењето дека не можеме да се договориме за продолжувње на соработката поради ваквите плаќања е само едно од тие нечисти обвинувања. Едноставно, не ги прифативме бројките што ни ги презентираа. Толку! Ние имаме свои идеи, тие не ги сакаат“ изјави таткото на Алаба.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата