Актерот Сашо Тасевски на својот фејсбук профил реагираше на денешните честитики од страна на Шекеринска и претседателот Пендаровски по повод Денот на Армијата, во кои не се споменува на чија држава и припаѓа таа армија.

Рада зборува за празник на некоја Наша Армија во Нашата Земја. Стево исто зборува за таква армија. Команданти на кои им е непријатно да ја именуваат нивната армија и да кажат чија е. Е па нека ви е честит празникот на Вашата Армија. Не се опишувате со зборови. Ни треба во речникот некој посилен збор од РЕЗИЛ и СРАМ, пишува Тасевски.