Тара Реид на суд поради голи гради
Се попопуларната актерка од филмскиот серијал “Американска пита” ја тужела станбената организација Скај Лас Вегас поради користење на нејзини разголени фотки во својот оглас. Тара на прославата на 35. роденден на Пи Диди во Њујорк им позирала на фотографите на црвениот килим, кога и паднала прерамката од тоалетата и и ја открила голата града. Таа продолжила да се смешка пред блицевите, бидејќи, наводно, не забележала што се случило. По објавувањето на сликите во таблоидите аферичката била брзо заборавена, но во Скај Лас Вегас сакале да ја искористат за реклама. Со нејзината фотка тие го објавиле и слоганот “Драга Тара, пушти ги нека живеат”, а финтата е во тоа што на англиски јазик изразот “ханг оут” може да се користи и за живее и за виси. Адвокатите на актерката прво побарале огласот да се забрани, а по тоа, веројатно, ќе побараат и висока отштета.