Генералниот секретар на Алијансата за Албанците, Арбен Таравари, го најави почетокот на протестите против изборните нерегуларности. Тој најави дека протестите со мотото „Избори ДА, крадење НЕ“, ќе започнат во понеделник во 18 часот од паркот во Чаир во Скопје и ќе ги организира коалицијата Алијанса-Алтернатива.

Одлучивме да ги започнеме протестите во понеделник во 18 часот од паркот во Чаир и од таму ќе се оди со протестен марш до канцелариите на Европската унија и Државната изборна комисија. Протестот ќе се организира придржувајќи се кон сите правила за заштита од пандемијата. Нормално, кога има недостаток на правда во институциите, граѓаните немаат друг начин да го изразат својот револт освен да излезат на улиците. И, ова не е од сега, ова е рециклирање на истиот изборен проблем што се повторува во сите изборни циклуси. Значи, останува само загриженоста изразена од ОБСЕ-ОДИХР, некои неправилности регистрирани од МВР и со тоа завршува секој изборен циклус и никој не се казнува за тие злоупотреби. Гласот е света работа и ти се обидуваш во кампањата да собереш 82 илјади гласови без притисок, без уцени, преку правење тим на луѓе кои ветуваат многу поразлично владеење и доаѓаат различните банди на кои заложници сме целото општество, на денот на изборите се, ги полнат гласачките кутии, ги заплашуваат луѓето, ги уценуваат   луѓето и на крајот се добива резултат кој никој не го очекувал. Она што е уште полошо е тоа што во следните четири години сме заложници на оние банди кои рекетираат, продаваат наркотици и им предизвикуваат проблеми на граѓаните во наредните четири години. И оние банди кои полнеле гласови за ДУИ, ќе бидат заштитени. За нас, како Алијансата и Алтернативата, оваа партија нема легитимитет и ние дефинитивно мора да кажеме стоп и да го запреме изборниот терор кој се врши од ДУИ во последните 18 години“, рече Таравари за весникот ЛАЈМ.

Запрашан за тоа дали има комуникација помеѓу партиите, Таравари рече дека има комуникација но не за формирање влада и дека според него  резултатот на ДУИ не е легитимен бидејќи на крајот на краиштата БЕСА, Алтернатива и Алијансата имаат 16 пратеници што е за еден повеќе од ДУИ.

Извор: Лајм