Арбен Таравари, генералниот секретар на Алијанса за Албанците, во синоќешното гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа ТВ рече дека СДСМ и ДУИ имаат договор за формирање на Влада, иако во овој период, како што вели тој, „глумат“ преговори.

Заедно со пратеникот на ДПА тие ќе имаат нестабилна Влада со поддршка од 62 пратеници, но истовремено вели дека со ДУИ нема да може да се спроведат бараните реформи.

Не верувам дека СДСМ има поддршка од некој пратеник од ВМРО или од друга партија, така што владата ќе има нестабилно мнозинство. Ние нема што да бараме во таква влада, со ДУИ само ќе се компромитираме. Со нив скептик сум дека можни се реформи, како со криминалци да се бориш против криминалот. ДУИ е огромно зло за Македонија, карцином метастазиран низ целиот систем. Се додека е ДУИ на власт нема да можат да се спроведат реформи, истакна Таравари.