Арбен Таравари вчера гостуваше во емисијата 10МИНУТИ на ТВ21. Тој запрашан за министрите на ДУИ, одоговри дека се продавачи на магла.

„Знаете дека министрите на ДУИ, набројувајќи три или четири имиња, едно или две се различни, другите се по ист модел. Ист модел на луѓе кои зборуваат 30 минути и на крај доколку им кажете да ви кажат од тие 30 минути еден заклучок, ниеден нема заклучок. Тие се продавачи на магла, таков е Арбр Адеми, Бујар Османи и Бектеши. Тие се копираат еден со друг, не се знае кој е оригиналот а кој копијата“, рече Таравари.