Градоначалникот на Гостивар Арбен Таравари, дава целосна подддршка на штрајкот на наставниците и смета дека треба да трае се додека не им се исполнат сите барања. Воедно, тој има сериозна порака за министерот за образование, а смета дека власта прави булизам врз наставниците:


Министерот за образование, г. Адеми, излезе со посебна порака во пресрет на новата учебна година, во која вели:
“Во понеделникот е првиот наставен ден, тоа е празничен ден и е значаен особено за оние кои за првпат се запишуваат на училиште, нема услови за штрајк и ние ќе изнајдеме решение“.
Имено, според момчето којшто верoјатно наставниците ги гледа како непослушни деца, па затоа користи реченици со заклучкок “нема услови за штрајк“, понеделник 2 септември треба да биде празничен ден, ден на радост и среќа. Министерот ја сака оваа идилична атмосфера под секој услов, кажувајќи им на сите наставници на Република Северна Македонија – Бидете мирни! Јас сум министер и се прави тоа што јас го велам! Нема штрајк, и точка!
Неговата можеби неволна ароганција продолжува со цинизмот што го има како дел од неговата ДНК каде вели: “ќе изнајдеме решение…“
Какво решение, г. министер?! Можеби ви изгелдаат толку безвредни наставниците, што се осмелувате до толку да ги потценувате?
Толку малку сериозно ги третрирате што не се трудите да се изјасните дека ќе бидете на страната на наставниците?!
Или продолжувате со старата игра на ДУИ, да ги активирате алатките за мито, правејќи ги тие наставници што сè уште ги користите како алатки, да ви се покорат и да се разеединат ?!
Но, колку такви останале?!
Колку мажи и жени на кои правото за вработување сте имг го продале како партиска чест ќе ви се покорат, изневерувајќи ги своите колеги, изневерувајќи ја својата заедница и самите себе?!
Колку наставници кои ДУИ претендира да ги искористи ќе се согласат да бидат наречени предавници, да станат причина и да им се наредува јавно од страна наминистрите, без никакви скрупули ?!
Понеделник, 2 септември требаше да биде првиот училишен ден, требаше да биде празничен ден, ден на радост, но всушност тоа е денот што или ќе го означи почетокот на долгоочекуваната битка, којашто јас сум ја нарекол “Битка на достоинство“ , каде конечно наставниците ќе се осмелат да ја свратат нивната чест, или тоа ќе датира како еден од многуте денови на политички криминал!
Знаете зошто?
Затоа што криминал е да ги третираш наставниците како што биле третирани до денес!
Наставниците кои биле тепани, заканувани, исмејувани, исмејувани и потценувани како никогаш досега!
Северна Македонија е единствената земја во светот каде булизмот што го вознемирува Западот како феномен каде децата се исмеваат од децата, овде кај нас булизам врши власта над наставниците!
Нивниот синдикат изјави дека има штрајк во понеделник, затоа што тие бараат зголемување на платите од 25%, министерот излегува и им кажува: нема да држите штрајк, ќе се договориме заедно – исто како кога им се закануваме на децата кога ќе направат некоја бељз – ќе се разбереме дома !!!
Толку нсико паднале наставниците?! Толку продадени дуѓи ги смета Владата?! Толку понижени и плашливи што го толерираат арогантното однесување на еден дечко што седнал на погрешно столче?!
За во понеделник наставниците најавија штрајк, се надеваме и посакуваме овој штрајк да се одржи затоа што се согласуваме и среќни би биле нивната месечна плата да се зголеми!
Го покануваме секој родител кој за првпат го носи своето дете на училиште, и сите други родители, да ги поддржуваат наставниците во нивното барање, да не ги носат своите деца на училиште додека тие училишта не се наполнат со среќни, способни и догворони наставници!
Нашите деца заслужуваат почитувани наставници!
Нашите деца не сакаат да бидат жртви на обична необразувана и невоспитана политика, која смета дека сè може да се купи!
Ги покануваме и оние наставници кои можат да бидат жртви на некоја партиска закана, да не се предадат, туку да продолжат на патот кон стекнување слобода и достоинство што од нив е ограбено одамна!
Нека биде оваа година, година на образовната револуција, ако го средиме образованието, сме се качиле на чамецот за спасување!
Штрајкот на наставниците е еден од најправедните штрајкови во оваа земја, тој мора да започне и да трае сè додека на наставниците не им се исполни секој услов, да им се врати она што им припаѓа!
Наставниците за општеството се 10 пати поважни и посилни од политичарите, бидејќи тие се архитекти на иднината!
Покачување на платите, промена на практичните услови за вработување или отпуштање од работа, нови критериуми за заштита на образовните институции од партиски вработувања, специјално оценување и статус за поискусните наставници, е најмалку што итно треба да се исполни од страна на Минситерството за образование!
Битката за достоинство е она што треба да нè обедини сите, тоа е социјално ремек-дело коешто можеме да го направиме!